Санкционирани 470 лица за неносење заштитна маска во изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие (02/03.07.2020 година) на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 470 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.