Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот од Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден само на територијата на Драчево изречени се вкупно 183 мерки.
Како што оопшти МВР, меѓу изречените мерки се и за возење без возачка дозвола – 28, 25 за неисправни и нерегистрирани возила и осум санкции за неносење заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, наведуват од МВР.