Санкционирани 171 возач во Скопје од кои 22 за брзо возење

При акциска контрола на полицијата, вчера во Скопје казнети се 20 возачи за брзо возење, изречени се 20 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири мерки за возење под дејство на алкохол. 

Од МВР соопштија дека од изречените 171 мерка, четири се за користење мобилен телефон, 13 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 10 мерки за непрописно престигнување и обиколување, четири санкции за возач почетник…

Полицијата апелира граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи.