Санкционирани 116 возачи во Скопје

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 116 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина пет санкции, 15 мерки возење без возачка дозвола, пет санкции за нерегистрирани возила.

Изречени се пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за користење мобилен телефон при возење…  

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.