Санирани дефекти и исчистени шахти низ Скопје - неделен извештај на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, го објави неделниот преглед на теренските активности за периодот од 26.09 до 30.09.2022.

Имено, екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, во периодот од 26 до 30 септември, 2022 покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани.

Во наведениот биле спроведени следните поголеми интервенции преку секторот Водовод и Канализација:

-Отстранување на дефекти на следните локации: Матка, ул.60 бб, Волково, ул. Востаничка 88, ул.1 бб Батинци, Визбегово ул.5/307, Перо Наков, Франц Прешерн бр.43, Владимир Назор бр.5, Антон Димитров 97а, ул.Јордан Филиповски 3а, Ул.1 Добридол, Ферид Бајрам 41, Антон Чехов бр.8, Преспанска 16, Ѓорѓи Димитров 66, Пелагонија 1а, Ѓорѓи Капчев 16/21, Московска крстосница со Партизанска, Бутелска, Глумово ул.2, Франц Прешерн бр.43, Јадранска Магистрала 81 и ул.Саса 18/12.

Редовни акции за расчистување на шахтите и сливниците со цел нормална функционалност на атмосферската канализација - соопштуваат од претпријатието.

Од таму додаваат дека како претпријатие продолжуваат посветено да работат на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.