Санација на свлечиште и ударни дупки на улицата „Ловќенска“

Општина Карпош врши санација на свлечиштето на улицата „Ловќенска“ 4, кое претставува повисоко, ридско место, каде што повеќе години земјата се свлекуваше и претставуваше закана за околните куќи.

Службите веќе извесен период вршат стабилизација на  пролизганото земјиште, за да се осигура безбедноста на теренот и на големиот број на објекти во овој дел од општината.

Паралелно се санираат и голем број на ударни дупки на „Ловќенска“ 4, откако претходно беше и целосно обновен дел од коловозот во должина од 530 метри.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев денеска изврши увид во теренските активности. Тој се информираше од службите дека градежните активности се одвиваат без застој, а погодното време се користи за истите побрзо да завршат.

Повеќе години воопшто не се вложувало во подобрување на инфраструктурата во овој дел од Карпош. Со овие реконструкциии, ќе се подобри пристапноста за повеќе од 65 домаќинства, за кои улицата „Ловќенска“ е пристапна улица до нивните куќи.