Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. денес го организираше првиот виртуелен Galaxy Unpacked настан во својата историја, пренесуван во живо од Јужна Кореја. Во таа прилика претставени се дури пет нови уреди: Galaxy Note20 и Note20 Ultra – најмоќните Note телефони досега, Tab S7|S7+ – повеќенаменски таблети за поголема продуктивност и креативност, Galaxy Watch3 – премиум паметен часовник со напредни здравствени опции, потоа Galaxy Buds Live – модерни ергономски слушалки со врвен квалитет на звукот и Galaxy Z Fold2 – нова, унапредена генерација на паметни телефони на преклоп.
„Човекот денес повеќе од било кога се потпира на технологијата – таа нам ни овозможува да сме поврзани и да ги надминеме секојдневните предизвици со кои се соочуваме“, изјави Dr. TM Roh, претседател и директор на одделението за мобилни комуникации во компанијата Samsung Electronics. „Технологијата треба да го олесни животот на нашите корисници и тоа е причината поради која ги претставивме овие пет иновативни уреди. Поединечно, тие се моќни алатки за поефикасна работа и подобра забава за корисниците. Заедно, како дел од Galaxy екосистемот, функционираат беспрекорно, овозможувајќи им на корисниците да се фокусираат на она што им е најважно.“
Galaxy Note20 серија – најмоќниот Note уред досега
Најмоќната Note серија досега се одликува со неверојатна продуктивност – ги има сите особини на компјутер и им овозможува на корисниците да уживаат во играњето игри како вистински професионалци. Во серијата се два уреди: Galaxy Note20 Ultra, дизајниран за љубителите на оваа серија, кои го бараат максимумот од перформанси и продуктивност, како и Galaxy Note20, за пошироката група на Note корисници, кои сакаат да уживаат во врвните функции за работа и забава.
Нови можности за работа
Galaxy Note20 серијата потполно го менува начинот на работа, овозможувајќи им на корисниците да направат повеќе, било кога и било каде. Заштитниот знак на оваа серија е новото S Pen пенкало, како и Samsung Notes апликацијата, кои се достапни и кај таблетите Tab S7|S7+. Додатно, соработката со долгогодишниот партнер, компанијата Microsoft, прави Note20 и Windows компјутерите да бидат ускладени и заедно да функционираат беспрекорно.
Забава без граница
Партнерството со компанија Microsoft доаѓа до израз и во забавниот аспект на Galaxy Note20 серијата. Корисниците можат во потполност да се препуштат на најмоќното гејминг искуство кое Samsung го има овозможено досега на мобилен телефон, играјќи игри како професионалец. Note20 серијата носи нови, врвни перформанси и поврзаност, на најдобриот дисплеј досега. Покрај тоа, тука се и професионалните алатки за правење фасцинантни фотографии и видео записи.
Моќ и врвни перформанси како дел од Galaxy традицијата
Galaxy Note отсекогаш важел за моќен телефон со исклучителни перформанси, а Note20 серијата ја продолжува таа традиција, нудејќи им го на корисниците сѐ она што го очекуваа од Galaxy уредите. Note20 линијата го поседува најбрзиот процесор во историјата на Galaxy екосистемот и ги спојува врвната технологија со најдоброто мобилно искуство во класата, без жртвување на врвниот дизајн на кој се навикнати корисниците. Note20 и Note20 Ultra доаѓаат во нежни, неутрални тонови, кои ги надминуваат актуелните трендови, со завршен мат слој кој што ги неутрализира отисоците на прстите и трагите.
За прв пат во Note серијата, Galaxy Note20 Ultra се одликува со Dynamic AMOLED 2X дисплеј и стапка на освежување од 120Hz, кој автоматски се прилагодува на содржината која што ја прикажува, за батеријата да трае што подолго. Со паметната, долготрајна батерија и можностите за супер-брзо полнење за повеќе од 50% капацитет за само 30 минути, корисниците повеќе не мораат да се грижат за тоа дали ќе им се исклучи телефонот.
Истотака, Samsung и понатака останува лидер на полето на 5G технологијата со хипер брза 5G конекција. Galaxy Note20 уредите автоматски пребаруваат и препорачуваат мрежи со најголем проток, како и стабилни Wi-Fi 6 конекцija за различни стриминг услуги. Кога е во прашање сигурноста, корисниците можат да бидат уверени дека уредот им е безбеден благодарение на Samsung Knox системот.
Уште еден новитет е и Nearby Share функцијата која овозможува брзо и лесно споделување содржини помеѓу телефонот кој користи Ultra-wideband технологија (UWB). Со едноставно спарување на Note20 Ultra со друг Galaxy уред со UWB опција, Nearby Share автоматски ќе ги излиста контактите со кои корисникот може да споделува содржини.
Нови искуства со поврзан Galaxy екосистем
Уредите и услугите на Samsung се дизајнирани да функционираат заедно без потешкотии. Note20 ќе добие ново лице кога ќе се спари со другите новитети од Samsung Galaxy семејството: Galaxy Tab S7|Tab S7+, Galaxy Watch3 и Galaxy Buds Live. Благодарејќи на овие врвни уреди, корисниците можат да работат попаметно, да играат подолго, да живеат поздраво и да комуницираат подобро.
Galaxy Tab S7|Tab S7+, мултифункционални таблети за подобра продуктивност и креативност
Овие два нови мултифункционални уреди комбинираат во себе можности на компјутер, флексибилност на таблет и поврзаност на паметен телефон. Двата таблети се одликуваат со најновиот процесор и можност за 5G мрежа, како и голем дисплеј од 11, односно 12,4 инчи, со стапка на освежување на екранот од 120Hz. Galaxy Tab S7|S7+ доаѓаат со тастатура, унапредено S Pen пенкало и Samsung Notes функции како на Note20 серијата, за искуство налик на компјутерското.
Меѓусебното споделување на податоци на Tab S7|S7+ таблетите со други уреди сега е уште полесно: корисникот може лесно да ја пронајде достапната Wi-Fi конекција со помош на Auto Hotspot опцијата, која ќе ги детектира и останатите Galaxy уреди. А со Nearby Share, содржината со неверојатна леснина се споделува со најблиските контакти. Екранот на таблет-уредот може да се прошири и со Samsung компјутер по пат на Second Screen можноста, која го дуплира или го проширува екранот. Алатките како Samsung Notes, S Pen пенкалото, Book Cover тастатурата и Bluetooth глушецот го заокружуваат корисничкото искуство, кое е попродуктивно како никогаш досега.
Galaxy Watch3 – премиум паметен часовник со унапредени здравствени функции
Galaxy Watch3 е паметен часовник на новата генерација за одржување на рутината, кондицијата и здравјето. Изработен од најквалитетни материјали и тенка верзија на ротирачката рамка, Galaxy Watch3 комбинира луксуз и удобност за носење во текот на целиот ден и ноќ. Сепак, овој паметен часовник не е привлечен само визуелно, туку презема и главна улога во создавањто на лично фитнес искуство и подобрување на кондицијата.
Корисникот со помош на Blood oxygen (SpO2) можноста може да ја провери заситеноста на кислородот во текот на тренингот. Во случај на физички пад, Galaxy Watch3 ќе го детектира и ќе прати SOS нотификација до одбраните контакти за да може веднаш да се укаже помош. Со алатката за анализа на трчањето корисникот добива моментални информации во текот на трчањето, како и пропратни извештаи кои ќе помогнат во подобрување на кондицијата и намалувањето на потенцијалните повреди, додека потрошувачката на кислородот се мери со VO2 анализата на податоци. Корисникот во својот дом може да креира и свое сопствено фитнес студио со помош на Samsung Health апликацијата, која содржи збирка со повеќе од 120 различни видео вежби.
Galaxy Buds Live – модерни ергономски слушалки со извонреден квалитет на звукот
Samsung го претстави и својот најнов модел на безжични слушалки – Galaxy Buds Live. Благодарејќи на големите AKG звучници и бас канали од 12mm, звукот е сега богат и повеќеслоен. Galaxy Buds Live доаѓаат со дури три микрофони и Voice Pickup единица. Овие слушалки поседуваат и Active Noise Cancellation опција за отстранување на околната врева.
Направете го невозможното возможно со Galaxy Z Fold2
По претставувањето на два различни преклопни уреди и собирањето на впечатоците од корисниците, Samsung го дизајнираше Galaxy Z Fold2. Овој иновативен телефон доаѓа со два Infinity-O екрани, скоро без рабови, со димензии 6,2 и 7,6 инчи, што го прави значително поголем од претходниот Galaxy Fold модел. Комбинирајќи прецизна технологија и несекојдневен дизајн, Galaxy Z Fold2 е достапен во црна и бронзена боја, а многу од опциите на уредот поттикнуваат партнерство со компаниите Google и Microsoft.
За сите корисници кои бараат единствен премиум дизајн, Samsung повторно ги здружи силите со модната куќа од Њујорк, Thom Browne, создавајќи ја лимитираната серија Galaxy Z Fold2 Thom Browne.
Достапност
Galaxy Note20 серијата ќе биде достапна на домашниот пазар од 21. август, 2020. година.
Galaxy Note20: Мистично бронзена, Мистично зелена, Мистично сива
Galaxy Note20 Ultra: Мистично бронзена, Мистично црна, Мистично бела
Доколку ги нарачате Samsung Galaxy Note20 или Note20 Ultra однапред, во текот на траењето на промотивниот период од 5. до 20. август 2020. година, како подарок добивате нови безжични слушалки Galaxy Buds+ или Galaxy Buds Live, во зависност од избраниот модел. Повеќе информации ќе пронајдете на: https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-note20