Само 4 активни пожари во Македонија, сите се под контрола, тврди Ангелов

Ноќеска имаше осум, а сега од 10.00 часот има само четири активни пожари во Македонија, од кои сите се локализирани, а се очекува најмалку еден да биде целосно изгаснат во вечерните часови.

„Вчера имаше 14 активни пожари, во овој момент има само 4. Се надеваме дека најмалку еден од овие четири денеска ќе биде целосно изгаснат, а тоа е пожарот во општина Берово, над селото Будинарци. За него вчера направивме контролиран контра-пожар со кој го ограничивме реонот на кој може да се шири пожарот“, рече Ангелов на последната прес-конференција.