Самите себеси си го уништувате животот со овие нешта

Некогаш правиме некои работи само за да им угодиме на другите, но не се грижиме многу како ние се чувствуваме. Постојат многу работи кои ги правиме против себе. И, не само тоа. Не мораме да им се правдаме на другите за работите кои ги правиме.

Никому не сте должни да му давате објаснувања, особено за оние нешта кои се поврзани со вашиот мир и благосостојба.

Животна ситуација

Без оглед на тоа дали раскинувате или се разведувате, или пак решавате повторно да се смирите со бившите, не морате да им ги објаснувате овие работи на другите. Правите нешто бидејќи мислите дека тоа ви е потребно во животот. Доколку направите грешка, вие сте тие кои ќе ги сносат последиците.

Своите приоритети

Нашите приоритети се нештата кои ни се најважни во животот. Тоа што одлучуваме дека ни е најважно е нешто што ни носи највеќе среќа. Нашите приоритети се нашата лична работа.

Тоа дека не ви е жал

Ако понекогаш не се каете за тоа што сте го направиле, колку и да мислат другите дека е погрешно, не значи дека треба да се извинувате. Како возрасна личност, веројатно умеете сами да се носите со работите кои сте ги направиле. Многу луѓе мошне брзо нудат совети дека треба да ви биде жал за одредена постапка, но вие самите одлучувате за тоа.

Дека ви е потребно да бидете сами

Можеби ќе ве нарекуваат чудни или антисоцијални, но тоа е ваша работа. Доколку не чувствувате потреба да се видите со другите или пак сакате да минете време сами, тоа е ваша работа. Не морате да го објаснувате тоа никому. Не се правдајте, направете го тоа што е најдобро за вас.

Тоа што не правите тоа што го велат другите

Имате право да кажете „не“. Тоа е ваша одлука и никогаш не треба да велите „да“ само за им угодите на другите луѓе. Тоа ќе ве чини време, енергија и нерви.

Својот физички изглед

Никому не должите оправдување или објаснување зошто сте се здебелиле, зошто сте ослабиле, зошто сте ја промениле бојата на косата. Физичкиот изглед е ваш избор.

Тоа што не сте во врска

Без оглед на тоа дали сте сами бидејќи сакате така или такви се околностите, на другите не им должите објаснување зошто е тоа така. Изборот да бидете сами или во врска е само ваш избор и не се однесува на другите.