Салата со компири и наут

Зимските салати можеби не се освежувачки како летните, но со правилен избор на состојки можат да бидат вашиот балансиран оброк во текот на денот. 

Состојки:

800 гр компири
200 гр шери домати
Еден поголем кромид
100 гр маслинки
200 гр наут од конзерва
Маслиново масло и сок од лимон
Магдонос, сол, бибер

Подготовка:

Како што можете да видите, се работи за посен рецепт, кој може да стане дел и од славската трпеза.

Варените компири исечете ги на покрупни коцки. Ставете во поголем сад и измешајте со маслото и сокот од лимон. Додавајте ги и другите состојки, кромидот ситно сецкан, исцедениот наут, шери доматите на четвртинки и дозачинете. Измешајте добро и послужете.