Салата „Партизан“ по 20 години повторно ќе блесне

Салата „Партизан“ во општина Карпош ќе биде пуштена во употреба во октомври и конечно ќе блесне во сиот свој сјај по 20 години.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски објави дека е расчистен градежниот шут со кој беше затрупан објектот.

Исто така реконструирани се кровните површини со замена на нов термоизолационен кров и нови олуци, а во внатрешниот дел изведени се нови преградни ѕидови.

- Во наредниот период ќе следува поставување кошулица, молерисување на ѕидовите, поставување плочки и санитарија во тоалетите, поставување врати, електрика и уредување на надворешноста околу објектот, објави Мојсоски.