„Саем за кариера 2022“ денеска во Скопје

„Саем за кариера 2022“ ќе се одржи денеска во Скопје. Организатор на настанот е Универзитетот „Мајка Тереза“.

Конференцијата, како што најавија организаторите, ќе ја отвори ректорот на Универзитетот, проф. д-р Изет Зеќири, додека гости ќе бидат директорот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија Дрилон Исени и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Фестим Халили.