Саем на градежништво во Спортскиот Центар-Борис Трајковски

Петнаесеттиот меѓународен Саем на градежништво, градежни метеријали, енергетика, водовод, алати и градежна механизација „Саем на градежништво 2018“ и 8. Саем на недвижнини и инвестиции – Realexpo 2018 ќе се одржат следната недела од 24 до 28 октомври во комплексот на Спортскиот Центар-Борис Трајковски.

Во истиот период ќе се одржи и реномирата манифестација „Технома 2018“, која ги обединува претставниците на најголемите домашни, но и странски производители во областа на металургијата, електротехниката, енергетиката, неметалите, градежништвото, обезбедување и заштита, еден од најголемите бизнис настани во државата.

„Спојувањето на двете манифестации ќе придонесе да се направи настан од голема важност како за изложувачите така и за посетителите, имајќи во предвид дека програмот на изложување се надополнува. Акцент на саемите ќе се стави на енаргетикатa, заштеда во енергијата, користeње на материјали за енергетска ефикасност, енергетски ефикасни решенија, заштита на околината и рециклирање, енергетско ефикасно домување, употреба на материјали за добивање на енергетско ефикасни објекти. Оваа саемска манифестација, е од особен интерес за архитекти, проектанти и дизајнери на екстериери и ентериери, градежници, трговски застапници, дистрибутери, добавувачи, професионалци во градежната индустрија, како и за широката публика, која е сè повеќе заинтересирана најновите информаци за производите и услугите од областа на градежништвото и недвижностите да ги добие токму на ваков тип на саемска манифестација каде што имаат можност да остварат директен контакт со изложувачите “, изјави Валентина Димитрова, оперативен директор Саем за градежништво и технома, Скопски Саем.

Градежната комора на Македонија традиционалнао ја поддржува Саемската манифестација. Претседателот Ивица Јаќимовска истакна дека најголем дел од компаниите членови на комората се присутни на Саемот.

Во рамките на овој саем по осми пат ќе се одржи Саемот за недвижности и инвестиции Real Expo 2018. Основната цел е да ги собере сите релевантни фактори на едно место, кои ќе ги презентираат сегашните и идните проекти, како и да воспостават нови бизнис контакти помеѓу претставниците на градежниот сектор, широката публика и јавните институции