Саем на електромобили во Ист Гејт Мол

Во ИСТ ГЕЈТ МОЛ oд 12 до16 октомври – ќе се реализира првиот саем на електромобили под мотото „Возиме на струја“!

Сите љубители на автомобили и посетители на Ист Гејт Мол ќе може да ги погледнат изложените модели на електричен погон и како и хибриди и да се зaпознаат со нивните предности за да се создаде подобра и поеколошка иднина.

Електромобилите од брендовите на Tesla, Alfa Romeo, Fiat, Porsche, Citroen, MG Motors, Toyota, Volkswagen, OpelCorsa, Seresи Yoyo,ќе бидат изложени на различни места во центарот на приземје.

Покрај електромобилите ќе бидат изложени и други типови електрични возила и превозни средства:електрични машини за чистењеод Green Machines, електрични велосипеди и електрични мопеди од All electrics, како и првото електрично „фиќо“ во земјава, иновација поддржана од Фондот за иновации и технолошки развој и BB Classic.

За време на саемот посетителите ќе можат да ги погледнат и полначите за електрични автомобили на “Olympia Motors”.

Саемот на електромобили е отворен за сите од 10:00 до 22:00, паркингот е бесплатен, а имателите на автомобили ќе можат да добијат попусти и специјални понуди од Мотоцентар, Мега перална, Мега продавница за автоделови и Кар Бокс авто козметика.

Партнер на саемот е „Автоплус“, а целата манифестација е поддржана од покровителот Шпарка се Лизинг, партнерот НЛБ Банка АД Скопје, а присутна е и ПроКредит Банка Македонија, кои ќе ги презентираат финансиските услуги за набавка на овој тип на автомобили. Една од стратешките определби на Ист Гејт Мол е заложбата за почист град, почиста животна средина и поеколошка иднина, и ова е дел од активностите кои Ист Гејт Мол ќе ги реализира во иднина.