Руската вакцина „Спутник“ одобрена за деца од 12-17 години

Министерството за здравје на Русија ја одобри вакцината Спутник М против ковид-19, која е наменета за деца од 12 до 17 години.

Дозволата за регистрација на вакцината Спутник М за тинејџерите ќе важи пет години, се наведува во документите објавени вчера на сајтот на регистарот на лековите на Министерството за здравје на Русија, а пренесува ТАСС.

Вакцината се дава во две дози, кои се примаат во интервал од 21 ден.

Министерството напомена дека вакцинацијата на тинејџерите од 12 до 15 години ќе се врши само со согласност на родителите или на старателите, додека тинејџерите од 15 и повеќе години може да ја добијат вакцината со сопствена доброволна согласност.