Русија: Сите волонтери што беа вакцинирани стекнаа имунитет на корона, а никој од нив нема несакани последици!

Додека Светската здравствена организација како по команда продолжува да шири песимизам дека можеби никогаш нема да се најде ефикасен лек за короната, од Русија доаѓаат одлични вести: Вакцината создаде имунитет кај волонтерите без никакви несакани ефекти.

Сите фази на развој и тестирање беа во согласност со протоколите за клинички истражувања.

Конечните лекарски прегледи на волонтерите кои учествувале на клиничките испитувања на вакцината против Ковид-19 покажале присуство на имунитет и отсуство на несакани ефекти, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Резултатите од студијата покажале дека сите волонтери имаат јасен имунолошки одговор како резултат на вакцинацијата, се наведува во соопштението, пренесе ТАС С.

Нема никакви несакани ефекти и нема нерегуларности во телесните функции на волонтерите, соопшти Министерството за одбрана.

Конечниот лекарски преглед беше извршен во Главната воена клиничка болница Бурденко на 3 август.

Руското Министерство за одбрана истакна дека сите фази на развој и тестирање на вакцината биле целосно во согласност со протоколот на клиничките истражувања.

Волонтерите се вратија во болницата на 42-от ден по вакцинацијата и поминаа сеопфатен медицински преглед, се наведува во соопштението.