РУЧЕК ЗА САМО 20 МИНУТИ: Печени тиквички во рерна

Состојки:

3 тиквици (малку поголеми)

2 лажици маслиново масло

3 млад кромид

босилек

150 гр изрендано сирење (ајдемер)

2 јајца

100 мл павлака за готвење

2 чешниња лук

малку мускантно оревче

сол, бибер

по желба магдонос

2 лажици пармезан

Погледнете ја постапката на приготвување на следната страна:

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 200 С.

Тиквиците измијте ги, исушете и сечете ги на тенки кругови. Посолете.

Изрендајте го младиот кромид, насечкајте го босилекот и изрендајте го сирењето. .

Ако тиквиците пуштиле вода, малку исцедете ги и потоа помешајте ги со кромидот, босилекот и сирењето.

Садот за печење премачкајте го со оние 2 лажици масло, па во него распоредете ги подготвените тиквици.

Изматете ги јајцата, ставете ја павлаката за готвење, ситно исецканиот лук, малку посолете и забиберите па додадете малку од мускантното оревче. Прелијте преку тиквиците.

Печете во рерна 15-тина минути па потоа ставете пармезан и допечете уште некои 5 минути за да добиете румена боја.

Наместо тиквици, на истиот начин може да подготвите модар патлиџан.