Ручек за 5 минути: Брускети со тиквички и чери домати

Ручекот како оброк може да биде прилично едноставен за подготовка, а неверојатно вкусен. Сè што ви треба е леб и неколку освежувачки состојки кои ќе ги наполнат стомаците на сите членови во семејството, а и ќе гледате посреќни лица.

Токму за таа цел, можете да подготвите брзи и вкусни брускети кои можете да ги послужите како главен оброк за семејството или пред пријателите.

Потребни состојки:

  • Француски леб
  • Маслиново масло
  • Лук во прав
  • Тиквички
  • Чери домати
  • Моцарела
  • Свеж босилек
  • Сол
  • Бибер
  • Сушено оригано

Подготовка:

Тиквичките измијте ги и сечкајте ги на тенки парчиња. Чери доматите сечкајте ги на чертвртини. На малку масло кратко пропржете ги тиквичките сè додека не пожолтат. Доволна ви е 1 минута и додадете ги исечканите домати. Кратко пропржете ги заедно со тиквичките, но не дозволувајте да го изгубат својот облик.

Францускиот леб сечкајте го на тенки парчиња, полијте ги со малку маслиново масло и лук во прав.

На секоја кришка леб ставете по 3 парчиња тиквички, 1 тенка линија моцарела, 1 до 2 ливчиња босилек, четвртина чери домат, малку посолете и ставете оригано и бибер по желба.

Печете ги кришките на температура од 200 степени околу 5 минути, додека не почнат да добиваат боја.

На здравје!