Луѓето често сметаат дека подготвувањето на здрав оброк бара поминување на многу време во кујна.
Овој рецепт ќе ви покаже дека воопшто не е така и дека можете да си зготвите здрав и вкусен оброк само за половина час.
Одличната комбинација од разнобоен зеленчук ќе направи вашето јадење не само да биде вкусно туку и да изгледа одлично.
1. Наредете го зеленчукот во тава за печење во форма на виножито. Додадете сол и црн пипер, масло, неколку чешниња лук исечкани на пола и неколку гранчиња мајчина душица.
2. Пилешките гради ставете ги на парче алуминиумска фолија и прелејте ги со маслиново масло. Додадете сол и црн пипер, малку црвена пипер, гранче мајчина душица и лук. Завртете ги од другата страна и повторете ја постапката.
3. Печете сè заедно 30 минути на температура од 200°C.