Розга и Грашо најавија настапи во Маврово, Мирослав Илиќ концерт во Скопје

Најавени концети на познати регионални ѕвезди за претстојниот период. Петар Грашо и Јелена Розга ќе имаат свои настапи во зимскиот центар Маврово, поточно во еден познат ресорт. 

Розга настапува на 11 февруари, а Грашо на 4. март. Во рамки на истата програма настапуваат и нашите ѕвезди Владо Јаневски (4.февруари) и Карполина Гочева (25.февруари). 

Голем славенички концерт на српската музичка легенда Мирослав Илиќ се најавува за во Скопје, во месецот на жените - март. 

Концертот е закажан за 18-ти март во „Арена Борис Трајковски“, а ќе биде по повод 50 години - јубилеј на познатиот пејач.