Романтична средба по 75 години: моќна приказна за човекот кој успеал да ја пронајде својата прва љубов

Ова е приказна за првата љубов која не успеало да ја избрише времето – романтична средба по цели 75 години.

КТ Робинс потекнува од Брије, едно мало место во Франција. Учествувал во првата светска војна, а потоа се оженил и бил во среќен брак до смртта на својата сопруга. Меѓутоа, неговата љубовна приказна почнала многу порано.

По смртта на неговата сопруга, една од сосетките му помагала на Робинс да го среди својот дом, но кога пронашла една фотографија од неговата младост, се вратиле убави чувства кај него. На фотографијата била млада убава девојка, Џенин Ганаје, првата голема љубов на Робинс.

Иако тој имал 98 години, со силни емоции се потсетил на љубовната приказна со Џенин. Таа зборувала англиски, тој француски кога се запознале, но нивните срца целосно се разбрале тогаш.  Нејзиното семејство го обожавало Робинс, но тој морал потоа итно да ја преземе војничката должност и само еден телефонски повик бил начинот на којшто тие се разделиле.

Нивниот контакт престанал по војната, а животот ги однел во различни насоки. Тој се оженил но никогаш немал деца, додека пак Џенин се омажила, добила деца и продолжила да го гради својот семеен дом во Франција.

Откако ја раскажал својата приказна на својата сосетка, брзо добил повик да присуствува на еден собир на ветерани во Брије, местото каде и започнала неговата љубов. 

Се распрашувал за неа, но немал голема надеж дека ќе ја сретне во својата 98 година од животот. Но, дознал дека таа е жива и дека се наоѓа во еден дом за стари во тој град. 

Робинсон ја здогледал Џенин во инвалидска количка, а таа го дочекала со раширени прегратки. Била толку среќна што повторно се заедно. Потоа, неколку пати биле на заедничка вечера, а нејзиното семејство знаело за него, дека тој постои некаде – нејзината прва љубов. 

Оваа приказна е доказ колку силна може да биде љубовта, особено онаа прва љубов која не е оптоварена со никакви стеги.