Познатото македонско дуо ДНК ја објавија новата песна во пресрет на големиот јубилеен концерт кој ќе се случи во декември.
„Романи” е насловот на новата љубовна тема, а со која момците го заокружуваат последниот студиски материјал „Дваесет”.
-Метафорична приказна, несекојдневен спој и песна со неочекуван рефрен, нешто што ете го чувавме како последнo парче од приказната наречена „Дваесет”, албум што значи заокружување на овој наш 20-годишен јубилеј”, велат Панчо и Андреј.
Инаку, видеото за „Романи” е снимено во Турција и е со потписот на Даниел Јовески, а со поддршка на Fibula Travel и Kirman Calyptus. Во кадрите, кои ја следат приказната од текстот, освен Панчо и Андреј се појавува и моделот Ана Парлапанова.
Погледнете како звучи и изгледа најновото од ДНК:
Јубилејниот концерт на ДНК е најавен за 3 декември во спортскиот центар „Борис Трајковски“, а поводот и тоа како е значаен – 20 години музичка кариера. Како гости се најавени Тамара Тодевска, младиот Јанг Дади, Ена Цветковска и уште неколку други.