Роднина на девојчињата кои се изгубија во Скопје открива детали од инцидентот

Полициски службеници во близина на Кисела Вода ги пронајдоа двете изгубени девојчиња од струмичко, кои повеќе од осум часа беа исчезнати во Скопје.

Девојчињата биле исплашени и се обидувале да го пронајдат патот кон „Веро Џамбо“, каде што последен пат биле со групата ученици и наставниците.

-Голем број полицајци беа во потрагата и благодарни сме за тоа. Имаше и многу граѓани. Само од Петралници имаше над 30 луѓе во потрагата. Имаше и од Струмица, Босилово, граѓани на Скопје. Децата прво се шетале, а потоа залутале“, открива роднина на девојчињата во разговор со „ММС“.

Девојчињата имале мобилни телефони со нив, но батериите им се испразниле. Додека се обидувале да го пронајдат патот кон „Веро Џамбо“ не се обиделе никого да прашаат каде се наоѓа трговскиот центар, туку сами се движеле низ градот.