Родители на деца во четврто одделение реагираат: Децата треба да ги оставиме сами дома по осум часа, кој ќе ги чува?

Родителите на децата кои оваа учебна година треба да бидат во четврто одделние реагираат дека Комисијата за заразни болести и министерството за образование заборавиле на нив. Конкретно мерките за родителите до сега ги опфаќаа децата до 10 годишна возраст, односно активно четврто одделение. Возраста од 10 години (четврто одделение) беше оправдана затоа што и училиштата до сега обезбедуваа продолжен престој заклучно со четврто одделение.

Согласно Протоколите за постапување на училиштата и Одлуката на Комисијата за заразни болести, во сите основни училишта во Скопје нема да биде дозволена настава со физичко присуство над трето одделение. На овој начин, децата од четврто одделение од Скопје директно се лишени од настава со физичко присуство и продолжен престој во училиштата со што родителите ќе бидат приморени своите деца на девет односно десет годишна возраст да ги оставаат сами дома по најмалку 8 саати секој работен ден. Овие деца не се способни да се грижат за себе, а прашање е и колку ефективно ќе ја следат online наставата без надзор од родител, вели за Република мајка на дете од четтврто одделение Моника Трајчевска.