Издавачкиот центар „Три“ слави 25 години од своето постоење. Од центарот ги покануваат сите граѓани на заедничко дружење со писатели и читатели.
„Ве покануваме сите на големото роденденско дружење со писатели и читатели. На 26 октомври, сабота, на платото пред книжарницата ТРИ во Градски трговски центар го одбележуваме заедничкиот јубилеј од четврт век ТРИ. Подготвивме програма со многу љубов, исполнета со анимација и фотографирање со Стела и Сани за најмладите, но и со музика, пијалаци и подароци за сите. Повелете од 13 часот за да ја прославиме приказната која заеднички ја испишуваме, а посакуваме да трае бескрајно, се вели во објавата од Издавачкиот центар ТРИ“, се вели во соопштението.