Роденденска крводарителска акција во Карпош

Во Спортската сала на ООУ „Лазо Трповски“ в четврток на 28 октомври, Општина Карпош ќе ја спроведе традиционалната крводарителна акција која се организира во пресрет на Денот на Општината – 3 Ноември.

– Граѓаните од Карпош, но и од други општини од Градот, кои се традиционални дарители или сакаат да даваат крв, тоа ќе може да го сторат во четврток од 9 до 17 часот во Спортската сала на ООУ „Лазо Трповски“, истакнаа од Општина Карпош.

Акцијата на доброволно дарување крв локалната самоуправа ја организира во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст при Општина Карпош.

– Организаторот на оваа хуманитарна акција ги потсетуваат сите граѓани потенцијални дарители дека е задолжително да се почитуваат заштитните мерки пропишани за Ковид-19, што значи почитување на протоколите пропишани од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство, додадваат од Општина Карпош.