РКЕ повторно одлучува околу цените на горивата, еве што треба да знаете

Регулаторната комисија за енергетика денеска повторно одлучува за новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела РКЕ донесе одлука дека цените на бензините, Екстра лесното масло за домаќинство и мазутот остануваат непроменети. Од друга страна пак, РКЕ одлучи дизелот да поевтини за два денари.

Моментално, ова се актуелните цени на горивата.

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 95,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 98,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 52,840 (денари/килограм)