Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи од полноќ да се зголеми цената на горивата. Непроменета останува само цената на дизелот.
Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за половина денар, а за денар ипол поскапува Екстра лесното масло за домаќинство.
Според одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 76 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 78 денари за литар. Дизелот оваа недела ќе биде со стара цена од 70,5 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ ќе се продава по цена од 69,5 денари за литар, а Мазутот по цена од 43,844 денари за килограм.