Ристова: Ако сакаме развој на филмската уметност, државата не треба да ги укинува стипендиите за во странство

Деновиве на социјалните мрежи актуелен е филмот „Тома“. Прикажувањето на овој филм го отвори прашањето за снимање и квалитет на македонски филмови и, само по себе, се наметна прашањето дали и колку имаме капацитет за тоа. 

Правничката Оља Ристова се огласи со свој став на оваа тема. Вели клучно е образованието!

-Во Македонија имаме квалитетни кадри од областа на филмот, имаме десетина добри филмови кои освоиле престижни награди на познати фестивали, но факт е дека се продуцираат малку филмови. Основен услов за да се развие филмската индустрија во Македонија е да се вложи во образованието. Искрено не знам што се случува од 2017 година наваму, бидејќи од тогаш е укината стипендијата за студии од втор циклус од областа на филмската и музичката уметност, која е од посебно научно, образовно значење за Република Македонија на Academy of Performing Arts (FAMU), во Прага, Република Чешка, вели таа. 

-На страната на МОН може да најдете дека министерството доделува стипендии за втор циклус во странство од областа на техничките науки, архитектурата, градежништвото, математиката, меѓународното право, економијата и финасиите, физиката, биологијата, хемијата и генетиката, НО НЕ И ЗА ФИЛМКАТА И МУЗИЧКАТА УМЕТНОСТ, вели таа во својот став и порачува дека за да имаме развој на филмската уметност, државата треба да ги поттикне талентираните филмски уметници со стипендии на најдобрите светски универзитети и академии.