Резервите се при крај! Доктор Лазаров со апел да се донира крв во ГОБ „8-ми Септември“

Доктор Ненад Лазаров, на својот фејсбук профил, сподели апел за донирање на крв, потенцирајќи дека резервите се при крај.

- Ве замолувам сите вие кои сте крводарители или сакате да станете, кој кога може во работно време прва смена, да дарува крв во ГОБ „8-ми Септември“ со оглед на зголемениот обем на работа на болницата заради затворањето на сали на Клиники. Не е итно да виси живот, но резервите се при крај! - објави познатиот доктор. 

- Ве молам да покажеме врвна хуманост и да даруваме нешто што значи живот, додава тој.