Ретроградниот Марс носи силен интензитет за  3 хороскопски знаци

Оваа година, многу планети го започнаа своето ретроградно движење, а сето тоа има голем ефект на нашите животи.

Марс е ретрограден од 9 септември до 13 ноември, а тоа ќе биде тежок период исполнет со предизвици за 3 хороскопски знаци.

Овен

Бидејќи Марс е планета која влијае со Овните, за родените во овој знак, овој период носи апатија, истоштеност и намалена мотивација, но и збунетост во однос на тоа што е следно во нивните животи. Време е да се фокусирате на своите потреби и да сфатите што ви е потребно. Поврзете се со себеси на подлабоко ниво и поминете време сами.

Вага

За Вагите, поврзаноста со другите луѓе е едно од најубавите животни искуства, но овој ретрограден Марс може да биде голем извор на тензија. Можни се проблеми во односите со другите луѓе, па затоа е добро да не инсистирате на некои работи и да ја насочите својата енергија кон решавање на некои проблеми кои се наталожени од минатото.

Шкорпија

Овој знак е традиционално управуван од Марс, па тоа значи дека неговото ретроградно движење ги поместува работите. Наместо да носите импулсивни одлуки и да правите чекори за кои можеби ќе се покаете, пробајте да размислите и да донесете подобри одлуки. Потребна ви е рефлексија кон тоа што го чувствувате, како и целите и страстите во вашиот живот.