Ретрограден Уран: Што значи и што му носи на вашиот хороскопски знак?

Бунтовниот Уран го започнува своето ретроградно патување на 15 август во знакот Бик. Тоа ќе трае цели 5 месеци сè до 18 јануари 2021. Во овој период доаѓаат многу неочекувани промени кои ќе ги сменат нашите животи од корен. 

Прочитајте што му носи ретроградниот Уран на вашиот знак.

Овен

Вашите верувања ве туркаат напред, но носат многу предизвици особено на полето на финансиите и работата. Не купувајте работи кои не ви се потребни и заштедете онаму кадешто мислите дека тоа е можно. Ќе се најдете во многу искушенија престојните месеци.

Бик

Не се срамите да им покажете на другите како се чувствувате во однос на одредени прашања. Клучно е да бидете јасни и гласни, но не бранете попусто идеи и луѓе во кои и самите не верувате. Задржете ја моќта која ја имате, не го губете својот интегритет без потреба.

Близнаци

Овој период ќе посакувате слобода по секоја цена. Сепак, се плашите од промените и се наоѓате во статус-кво ситуација. Можеби најдобро е да се окружите себеси со луѓе кои ќе ви помогнат да го остварите тоа што го посакувате.

Рак

Вашата група на пријатели се менува, што може да направи помалку јасно да ги гледате работите и да се гледате себеси како жртва во одредени ситуации. Сепак, треба да знаете дека луѓето се менуваат, а ако одредени пријатели не се во вашиот живот во овој момент не значи дека нема да бидат тука засекогаш. Ова е време на големи промени во однос на вашиот социјален круг. Имајте трпение.

Лав

Тргнувате да исполните една цел, но тоа ве носи на сосема нова патека со различни цели. Одете чекор по чекор, верувајте во себе, но не градете претерано големи очекувања највеќе поради состојбата во која се наоѓа целиот свет.

Девица

Ги трошите своите денови бранејќи ги другите  и тоа е нешто што ќе го правите во голема мера овој период. На светот му се потребни луѓе како вас, неверојатни лидери со големо срце кои можат да ги променат нештата од корен.

Вага

Некогаш сте нетрпеливи кон оние кои немаат исти ставови како вас. Но, време е да научите да го прифатите тоа и да не се држите прецврсто до своите ставови. Особено не дозволувајте политиката да биде таа која ќе ве разедини со другите.

Шкорпија

Само што мислевте дека работите се смирија во вашата врска, се некако се превртува  наопаку. Потрудете се да најдете смиреност и да не делувате импулсивно поради интензитетот кој го чувствувате во себе. Не потпаѓајте под влијание на лошите мисли и чувства.

Стрелец

Се трудите да го поправите своето расположение овој период и тоа не ви оди толку добро колку што би сакале. Можеби време е да се смирите преку јога, медитација или друга рутина која ќе го смири вашиот ум во ова несигурно време.

Јарец

Решавате да се гледате со луѓе кои се различни од оној ваш вообичаен тип на луѓе и тоа ви изгледа многу предизвикувачки и забавно. Отворете се кон новите можности кои ги носи животот, но и луѓето со кои можете да изградите трајни односи.

Водолија

Не сте во можност да се фокусирате на ништо посебно овој момент, највеќе бидејќи ви е потребно да се чувствувате слободно и среќно по секоја цена. Можеби е време за некое кратко патување сами или пак нешто што долго сте посакале да го направите. Време е да се опуштите.

Риби

Ова е период кога вашата интуиција ќе дојде до израз и ќе ви помогне да бидете поотворени кон другите луѓе. Понудете му го на светот најдоброто и ќе го добиете и најдоброто за возврат. Тоа е енергијата која ви ја носи овој ретрограден Уран.