Генерално, ретроградниот Уран е поврзан со внатрешни промени како одговор на надворешните промени, во нашата околина.
Photo by Anthony Tran on Unsplash
Ретроградниот Уран претставува редовен циклус кој трае 155 дена во кои оваа планета се движи четири степени наназад низ хороскопот.
Овој транзит трае до јануари 2023 година и е во квадрат со Венера и Сатурн, па така може да донесе нестабилност во односите, финансиските пазари и политиката. Освен тоа, може да донесе и нервоза и нестабилност на лично ниво.
Некогаш промените се очекувани и планирани, но под дејството на Уран тие доаѓаат и непланирано. Тие се често поврзани со личната слобода, но не се секогаш негативни, не треба да се плашите.
За некои луѓе, тие носат вистинска револуција бидејќи Уран е планетата на бунтовништвото, па така добиваме и храброст да направиме нешто големо во својот живот. Затоа, најважно е да останете со отворен ум, трпение и флексибилност, што на прв поглед може да ви делува како предизвик, но важно е да сте промислени, методични и трпеливи.
Сепак, имајте на ум дека ретроградниот Уран има голема моќ да ги размрда нестабилните односи и да донесе неочекувани ситуации. Ќе постои поголема потреба за слобода кај луѓето, а голем дел од нас ќе бараат втори опции, особено ако не чувствуваат среќа онаму каде што се. Ако сте сами, би можеле да ве привлечат ексцентрични и возбудливи личности, но не брзајте никаде со љубовта, особено со луѓе кои не ги познавате толку добро.
Овој аспект исто може да донесе и недостаток на самоконтрола кога станува збор за финансиите. Не купувајте импулсивно, особено нешто што навистина не ви е потребно.