Ретро галерија: Скопје е ослободено!

Пред 77 години, по 24-часовни борби, Скопје го дочекало снежното 13-ноемвриско утро, ослободено од германските фашистички, окупаторски воени единици.

Денот на ослободувањето на Скопје, 13 Ноември, е врежан во спомените на борците, кои ја пренесуваат радоста и гордоста и денес. Победата над непријателот во далечната 1944 година била дочекана со солзи радосници и цвеќе за ослободителите. Партизаните победоносно, на коњи, парадирале низ центарот на градот.