
Денеска во општина Ѓорче Петров започна реконструкцијата на улица Црногорска 2, како дел од решавањето на долгогодишниот проблем на жителите на Дексион.
- Старите улици конечно добиваат нов изглед и квалитет! Продолжуваме со реконструкцијата на улиците Андреа Зограф, Љубини Александар Македонски. Градежната офанзива во Ѓорче не запира! - порача градоначалникот Александар Стојкоски кој излезе на терен.
- Подобри услови за жителите, поквалитетна инфраструктура и вложување во подобра иднина. Делата се видливи, инвестициите продолжуваат! - додава тој.