Реотворање на нововоспоставен услужен модел на експозитура на Шпаркасе Банка АД Скопје во Гостивар

На 28.3.2022 година официјално беше отворена нова експозитура во Гостивар на Шпаркасе Банка АД Скопје, опремена по највисоки стандарди во банкарскиот сектор, каде што на клиентите им се обезбедува индивидуално корисничко искуство.
Експозитурата се наоѓа на ул. Илинденска 294А.

На свеченото отворање присуствуваа многубројни гости и клиенти на Банката од општина Гостивар како и членови на Управниот одбор. Тие се обратија пред присутните, при што споделија дека Банката со своето работење ќе продолжи силно да го поддржува развојот на локалните заедници секаде каде што е присутна и на тој начин ќе ја потврди својата посветеност и професионалност.

Шпаркасе Банка АД Скопје континуирано се грижи за поголема достапност до своите клиенти, со отворање нови и модерни услужни модели на експозитури, кои ги задоволуваат највисоките стандарди во поглед на простор, функционалност, отворена комуникација и ефикасно опслужување на клиентите. Во секоја од експозитурите, клиентите имаат можност да ги користат атрактивните банкарски производи и услуги, со што тие стануваат уште подостапни за што поголем број граѓани.