Рекордно високи температури во Грција, претопло на копно, покрај море поподносливо

Високи температури и во регионот, а соседна Грција забележува рекорди во дневните температури измерени на копно.

Измерени се рекордни 46,3 степени, највисока температура во историјата на Грција, повисока дури и од топлотниот бран забележан во доцните 80ти.

Грчкиот град Макракоми во регионот Фтиотида забележа највисока температура во историјата на земјата.

Метеоролошката станица на Националната опсерваторија во Атина (НОА) регистрираше 46,3 степени Целзиусови, пишува Грик репортер.

Низ државата беснеат неколку пожари.

Во туристичките места исто така се мерат рекордно високи температури, но поради близината на морето и ветровите на брегот, сето тоа делува малку поподносливо. 

Граѓаните кои летуваат во Грција да бидат особено внимателни со изложување на сонце во текот на денот и паметно да го испланираат престојот на плажа.