Реконструкција на улицата „Петричка“ во центарската населба Маџир Маало

Започнуваме со реконструкција на улицата „Петричка“ во центарската населба Маџир Маало, ова го најави на својот Фејсбук профил градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ. 

На површина од 1856 метри квадратни поставуваме нов долен строј, ја уредуваме подлогата и поставуваме нова коловозна лента, во должина од 342 метри. Наредни за реконструкција во Маџир Маало се улиците „Браќа Кошулчеви“, „Вардарска“, „Светиниколска“, „Охридска“ и улицата „Маџир Маало“, напиша тој.