Реконструкција на детското игралиште во Козле, во должина на улицата „Јуриј Гагарин“

Во тек е реконструкцијата на детското игралиште во Козле, во должина на улицата „Јуриј Гагарин“ (после Министерството за економија).

Општина Карпош врши целосна замена на старите и дотраени реквизити. Се поставуваат нови клацкалки, лулашки, тобогани и сл.

Оваа детска зона е една од префреквентните во овој дел од Карпош. Оттаму, локалната самоуправа, во консултација со околните жители, се реши на целосна обнова на игралиштето.

Во изминатиот период се реконструираше и детското игралиште во Карпош 4 (на ул. „Никола Парапунов“), на платото на „Млечен“, како и кај фонтаната во Карпош 3.

Општина Карпош и оваа година продолжува со етапна санација и реконструкција на детските игралишта во сите населби.