
Градоначалникот на Општина Карпош, Стоир Лукровски денеска информираше дека завршиле со рекнструктивниот зафат на дел од улицата Бранислав Нушиќ во населбата Карпош 2.
„Според планираната работна динамика, завршивме со реконструктивниот зафат на дел од улицата Бранислав Нушиќ во населбата Карпош 2. Станува збор за инвестиција вредна 9.889.366 денари, каде беше поставен нов асфалт во должина од 366 метри, нови рабници и тротоари“, истакна Лукровски во објавата на Фејсбук.
Тој исто така најави дека со подобрување на временските услови, Општината, во наредниот период ќе продолжи со реализација на капиталните и инфраструктурните проекти.