Регистрирани две тепачки во Скопје во кои учестувале жени

Полицискиот билтен регистрираше две тепачки во кои главни актери биле жени.

Првиот настан е од вчера каде во 14.50 часот во СВР Скопје, Л.Д.(35) од с.Радолишта, струшко, пријавила дека околу 08.40 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, била физички нападната од А.П.

Денеска во 02.10 часот во СВР Скопје, И.Ј.(27) од Скопје пријавила дека околу 01.40 часот на подрачјето на Чаир, по претходна случена сообраќајна незгода, била физички нападната од 32-годишната М.К. од Скопје.

И во двата случаи од полицијата велат дека по целосното докукентирање ќе следуваат соодветни поднесоци.