Регистрирани 340 прекршоци за неносење маски во изминатото деноноќие

Регистрирани се 340 прекршоци по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија.

Од Министерството за внатрешни работи и денеска апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.