Речиси половина милион посетители во музеите низ Македонија

Според податоците со кои располага Државниот завод за статистика, за период од година дена, музеите низ Македонија ги посетиле вкупно 476.385 луѓе. Во Македонија има вкупно 28 музеи, од кои 19 се национални музеи, 8 се локални и еден е приватен музеј. Според тематиката на музеите тие се делат на специјализирани (10) и општи (18). Во 2015 година музеите одржале вкупно 102 изложби од кои поголем дел биле организирани од општите музеи. Нашите музеи располагаат со 224.779 инвентарирани предмети, а од нив, минатата година биле изложени само 36 980.

Податоците се добиени по пат на прашалник кој го има составено Државниот завод за статистика, а е пополнет од страна на сите музеи и 46 музејски збирки.