Речиси 3.000 активни корона случаи во Скопје

Според најновите податоци од надлежните во Скопје за само едно деноноќие има 230 новозаразени од корона вирус, со што вкупната бројка на заразени на подрачјето на главниот град е 2.932. 

Оптимистичка е веста дека за еден ден оздравеле 690 скопјани. 

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица од кои 9 се од Скопје (89г, 81г, 79г, 79г, 79г, 76г, 70г, 70г, и 61г).