Реченици кои значат многу повеќе од „те сакам“

Постојат безброј начини на кои можеме да ја изразиме љубовта кон некој, да кажеме „те сакам“ на свој начин без да ги користиме овие два збора.

Не постои погрешно време да кажеш на некој „те сакам“. Овие два збора никогаш не излегуваат од мода, не здосадуваат, не стануваат излишни, но понекогаш може да се заменат со некои други, подеднакво вредни и незаборавни зборови.

Исто така, тоа може да биде и некоја секојдневна ситница, но сепак голема работа која покажува колку всушност ни значи некој и колку саканата личност ни е важна во животот.

Една таква реченица има посебна сила и лесно може да го замени „те сакам“ па дури и да звучи уште помоќно. Според голем број испитанички, таа реченица е „Јави се кога ќе стигнеш“.

И навистина, во овие четири збора се крие голема љубов, тие покажуваат колку ни е важно саканата личност безбедно да пристигне на својата цел и секогаш со нетрпение чекаме да ни се јави. Грижата е голем показател за љубов и затоа секогаш треба да се цени и да се негува.

Меѓу останатите реченици, изрази и кратки но слатки фразички кои ги употребуваме секојдневно со цел да покажеме грижа, љубов и внимание, може да ги издвоиме следниве најчесто употребувани меѓу испитаната популација:

„Чувај се“.

„Пивото е во фрижидер“.

„Без тебе сѐ е глупаво и ништо нема смисла“.

„Одам да прошетам со децата“.

„Бев надвор со кучето. Не треба да го шеташ ти“.

„Внимавај во сообраќајот“.

„Од сите луѓе ти најмалку ме нервираш“.

„Имаш доручек на масата“.