Рецепт за топло ладно колаче од кое тече путер од кикирики

Сега замислете додаток на путер од кикирики и посегнете по состојките за да почнете со подготовката.

Ова е колач со совршен вкус и ви гарантираме дека нема да сакате да го поделите со никого.

Потребни состојки:

  • 1 лажица путер
  • 45 g темно чоколадо (по можност со над 70% какао во составот)
  • 1 јајце
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2 лажички шеќер
  • 1 лажичка брашно
  • Прстофат сол
  • 1 коцка темно чоколадо
  • 1 лажичка путер од кикирики

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 190 степени целзиусови.

Намачкајте го малиот единечен сад за печење на колачот со путер.

Стопете ги чоколадото и путерот, а потоа додаете го јајцето, екстрактот од ванила и шеќерот.

Добро измешајте додека смесата не стане мазна.

На крајот додадете го брашното и солта и уште еднаш промешајте.

Истурете ја смесата во калапот или садот за печење.

Коцката темно чоколадо ставете ја во центарот на смесата и ставете го путерот од кикирики.

Покријте го путерот со мал дел од смесата.

Печете 7 минути (без отварање на рерната) доколку сакате чоколадото да е многу течно или 10 минути ако го сакате колачето посуво.

Сервирајте со шлаг или топка сладолед.