Рецепт за имунитет

Во одредена мера да се заштитите од пандемијата која не демне во овој период, важно е да го зајакнете вашиот имунитет.

Препорачливо е да се започне утрото со пијалок од куркума бидејќи е исклучително здрава и хранлива и има силни антиоксидативни својства.

Рецепт за зајакнување на имунитетот

Состојки:

Лажица куркума
Половина лимон
Лажичка мед
Лажичка масло од кокос
Цимет

Загрејте шољичка вода, но не и да зоврие или премногу топла. Додадете лажичка куркума, половина сок од лимон, лажичка мед, лажичка масло од кокос и добро измешајте. Додадете цимет по желба.

Куркумата ќе биде на дното на чашата, па мешајте ја водата додека ја пиете за да се искористите целата предност на оваа супер намирница.