Пролетта е веќе овде, а време е вие да испробате нешто ново и вкусно.
Јајцата изматете ги со малку сол, па додајте го спанаќот кој претходно добро го исчистивте и го исечкавте, па потоа брашното и прашокот за пециво. Ставете ги во еден сад обложен со хартија за печење. Кога ќе биде испечена кората, завијте ја уште веднаш со хартијата и оставете ја да се олади, а потоа одвиткајте го ролатот и премачкајте го со крем сирење, па преку него изрендајте го јајцето, па наредете шунка, премачкајте со павлака и потоа ставете кашкавал. Свијте го ролатот и оставете го во фрижидер за добро да се олади.