Рецепт за богата и вкусна пача од кокошкино месо

Традиционално за големиот христијански празник Водици се подготвува пача, меѓу народот позната уште како пивтии.

Ви нудиме еден поинаков рецепт за вкусна и богата пача од кокошкино месо.

Потребно вие е месо од една кокошка, еден кромид, еден морков, малку целер, неколку ловрови листови, едно пакетче желатин, две парченца лук, малку сол и мелен црн пипер.

Најпрвин сварете ја кокошката пресечена на парчиња во 2.5 литри вода.Варете до вриење притоа додадете ги исчистените парчиња морков, кромид и целер. Отсранувајате ја пената постојано. Посолете по вкус. Додадете го црниот мелен пипер, ловровиот лист и сето тоа варете го 3 часа на умерен оган.

Потоа тргнете го садот и оставете да се олади притоа вадејќи ги коските доколку останале од кокошката. Додадете во смесата ситно мелен свеж лук. Желатинот претходно растворен во половина чаша вода додадете го смесата и варете уште кратко, но да не врие булјонот.

Исипете ја смесата во соодветни садови или калапи, а откако ќе се олади чувајте ја пачата во фрижидер.