Рецепт од далечниот Тибет за здрави заби и блескава насмевка

Дали ви е познато дека тибетскиот медицински систем е еден од најстарите медицински системи во светот? Овој систем е централен дел од нивната култура кој забележува значителен напредок во текот на вековите. 


Многумина веруваат дека нивниот здравствен систем води потекло толку старо колку што е стара и самата цивилизација. Нивното медицинско наследство е напишано во книгата на четири тантри (rGyud-bZhi).

Сепак, импресивно е што кај тибетските монаси може да се забележат бели, здрави заби до староста. Нивната тајна е едноставна: имаат рецепт што им помага да ги сочуваат здрави, бели и силни своите заби. Еве ја постапката за приготвување на овој рецепт:

Земете половина чаша зовриена и изладена вода па додадете лажица сол. Се промешува смесата додека да се раствори солта. Четката потопувајте ја во солениот раствор и вообичаено мијте ги забите. 

За да постигнете најголем ефект се препорачува да го користите овој рецепт секое утро и вечер, особено после јадење.

Главниот недостиг на овој рецепт е непријатноста која се чувствува во првиот миг. Солената вода често влијае врз чувствителноста на забите при топли/ладни пијалаци или храна со интезивен вкус. 

Оваа чувствителност е резултат на минималното отстранување на обвивката од забите. За среќа, чувствителноста е поднослива и трае краток период.